“Водовод“ Битола: граѓаните кои имаат непријавени водомери или проблеми со водомерите да пријават до 31 март

Февруари 22, 2022

 

ЈКП “Водовод“  Битола ги известува оние грѓани кои имаат проблем со водомер или непријавени водомери и приклучоци за вода за пиење почнувајќи од периодот 21.02.2022 година до 31.03.2022 година,  им се дава можност непријавените водомери и приклучоци, да ги регистрираат во ЈКП “Водовод“ Битола. Во спротивно ќе се поведат сите законски правни постапки и исклучувања од водоводната мрежа согласно позитивните законски прописи.

После истекот на горенаведениот период, секој потрошувач кој ќе се пронајде да е бесправно приклучен на водоводната мрежа ќе биде исклучен од истата и ќе се изврши присилна наплата на сите трошоци направени за бесправното приклучување на водоводната мрежа согласно законската правна регулатива.

Пријави кај реонскиот инкасатор или на телефоните:  072 917 100, 072 917 101 и 072 917 102.

 

Можно е да е слика од текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани