АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикуваме субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат

Септември 07, 2022

АД ЕСМ ја информира јавноста дека на отворена јавна аукција, за периодот 07-11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба,  АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари).

АД ЕСМ ќе продолжи и натаму да ја нуди на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка. Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани