×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Здружението на пензионери Битола расправаше за предлог програмата за 2023 година

Декември 28, 2022

Предлог програмата за работа на Здружението на пензионери Битола за следната година беше предмет на расправа пред членовите на Извршниот одбор, претседателите на пезнионерските ограноци и Собранието на пензионери. 

 Претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова образложувајќи ја програмата пред присустните  истакна дека Здружението ќе продолжи со грижата за остварување на правата на пензионерите од пензиското, инвалидското, социјалното, како и од здравственото одигурување. Исто така, рече Петличкова, и во следната 2023 година ќе се продолжи со давање хуманитарна помош и донации, ќе се посредува при набавка на прехрамбени продукти ќе се обезбедува лабораториска анализа на шеќер во крвата, триглицериди, холестерол и бесплатно мерење на крвен пристисок, односно ќе се води грижа за секој пезнионер. 
danica
 
Претседателот на Собранието на Здружението на пензионери, Крсте Белевски, спомена дека и во престојната година комисиите формирани во ова Здружение ќе се ангажираат секоја во својата област на дејствување да реализира  програма според статутарните и програмски активности на Здружението. Дадените предлози и дополнувања од страна на присустните ќе бидат вградени во активностите за 2023 година во која и Петличкова и Белевски на сите членови на Здруженеито на пензионери од Битола им посакаа добро здравје и подобар животен стандард.  
 
deneska
 
pezn4
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани