×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За три месеци силувани четири деца, меѓу монструмите се татко, роднина, наставник…

Август 16, 2023

„Татко од Кавадарци ја силувал својата 7 годишна ќерка“„лице со двојно македонско и холандско државјанство во Гевгелија извршил полово дејствие врз 12 годишно дете“; 70-годишник извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“полицаец од Демир Капија го силувал својот 17-годишен син, соопштуваат од ОЈО, во изминатите неполни три месеци.

Денеска Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.

„Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице“, велат од ЈО Кавадарци.

Полициски службеник од Демир Капија доби еден месец притвор за родосквернавење врз сопствениот син, информираа денеска од Основен суд Кавадарци.

 

„Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст. 1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст. 1 т. 3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст. 4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години“, соопштија од Судот.

На 8 август јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик пришто му одреди 30 дневен притвор.

„Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата“, велат од ЈО Гевгелија.

На 26 јули Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

На 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, осомничениот во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, велат од ЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

На 23 јуни Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, велат од ЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство и непречено водење на кривичната постапка: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва.​

За полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години според Крицичниот законик стои:

Член 188

(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.

(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.

(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(5) На сторителот на делото од ставот (2) на овој член судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б од овој законик.

Обљуба со злоупотреба на положбата

Член 189

(1) Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(2) Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе извриш обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) На сторителот на делото од ставот (2) судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б на овој законик.

Задоволување на полови страсти пред друг

Член 190

(1) Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред него или пред друг да врши такво дејствие, ќе се казни со затвор од три до пет години.

Д. М.

Извор Civilmedia.mk

Линк https://civilmedia.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани