Ковачевски: Во првите пет години од членството во Унијата платите се креваат од 70 до 100%

Август 21, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија кажа дека е клучна коалицијата за Европа, таа која постои во моментот и која го води процесот за продолжување на европската интеграција на државата.

-А јас кога зборувам за продолжување на европската интеграција на државата зборувам за економски просперитет, социјална правда и владеење на демократија. Тоа се трите основни придобивки од зачленувањето во ЕУ. Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат од 80 до 90 проценти зголемување на БДП. Погледнете ги само Словенија и Хрватска. Ние субвенционираме земјоделие и добиваме најмногу во регионот 100 милиони евра од ЕУ, но знаете земји членки, Хрватска и Словенија колку ќе добијат? 6 милијарди евра. Тоа е разликата од земја членка до земја кандидат, рече Ковачевски.

Тој додаде дека земја членка добива европска помош од ЕУ-фондовите 11 пати поголема по глава на жител од земја кандидат. Ковачевски потсети дека земјава го започнала процесот на евроинтеграција заедно со Хрватска.

-Клучно е ова прашање да биде решено заради државата. Политичките партии постоеле, ќе постојат, власти имало, ресори воделе едни па ги заменувале други. Но ние најдобро самите сфативме што значи изгубени години и декада. Ние процесот го започнавме со Хрватска, 2006та година. Денес Хрватска е членка на ЕУ дел од Шенген и воведе евро. Ние сега сме во група со Албанија, Црна Гора и Србија. Ако ја испуштиме оваа шанса ќе отидат тие пред нас и остануваме со Босна и Херцеговина и Косово. Сакате да останеме со Босна и Косово. Со сите проблеми што тие ги имаат во елементарното дефинирање во тоа друштво да останеме. Вие би сакале вашите деца, државата на вашите деца да остане во тоа друштво. Јас не сакам и јас ќе направам се ние да не останеме во тоа друштво, рече Ковачевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани