×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шарл Мишел: Новото проширување на ЕУ ќе биде во 2030 година, земјите членки да не ги блокираат соседите кандидати за членство

Август 29, 2023

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветена на тематата „Солидарност за глобална сигурност“ соопште дека Европската Унија си постави за цел до 2030 година да се прошири со нови членки.

Обраќајќи се на форумот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Мишел истакна дека е време да се надминат сите меѓусоседски прашања и сите земји од регионот и ЕУ да се посветат на остварување на оваа цел – во 2030 мора да има ново проширување.

„Идните земји-членки се во различни фази на нивниот пат кон ЕУ. Но, треба да се погрижиме минатите конфликти да не се внесуваат во ЕУ и да се користат за блокирање на пристапот на нивните соседи и идните земји-членки“, потенцираше Мишел.

„Мора да бидеме подготвени од двете страни  до 2030 година за проширување. Ова значи дека следниот долгорочен буџет на ЕУ ќе треба да ги вклучи нашите заеднички цели. Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни“, нагласи претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.  

Потребата од ново проширување на Мишел го објасни со потребата ЕУ да се дефинира „водечки светски актер кој ја обликува иднината“ и дека „во денешниот сè покомплексен свет, ние, како Европејци, треба да направиме клучни избори“.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел нагласи дека за оставрување на оваа задача Еу и сите земји кандидати за членство треба да бидат „веродостојни и да зборуваме за времето и домашните задачи за остварување на следната стратешка агенда на ЕУ проширувањето во 2030 година“.

На отворањето на Бледскиот стратешки форум на кој проширувањето на ЕУ се наметна како централна тема кога се зборува за солидарноста како предуслов за глобална сигурност, словенечкиот премиер Голоб рече дека во наредните 12 месеци треба да се донесат клучните одлуки за проширувањето на ЕУ.

Според проследувачите на настаните на Бледескиот стратешки форум, ова е прв шат после 10 години прв пат некој од ЕУ дава временска одредница за ново проширување. Ова после Хрватска се нема случено и дека оваа најава на Мишел ја легитимира и политика на Северна Македонија којашто ја определи 2030 како целна година за членство на земјата во ЕУ.

Извор: рацин.мк 

Линк https://racin.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани