Неморалниот молк на моралните

Септември 07, 2023

ЗОРАН ИВАНОВ

Може многу да се зборува, но може сето и во една реченица на темата моралните вредности на актуелното македонско општество, посебно меѓу интелектуалците, јавните личности, посебно меѓу наставниците и најпосебно кај универзитетските професори, кај тој слој едукатори кои се или кои барем би требало да бидат реперот на моралните стандарди, чувари и негувачи на традициите, на домаќинлукот и на воспитувањето на младежот, на таа иднина на секоја заедница, а сепак, распослани по бројните универзитети, грото од нив си се решија за морален молк наспроти неморалните вулгарни гласности на некои свои колеги со кои, патем, само гипс картон ги дели од соседските професорски кабинети и, сакале, не сакале, и единечно и како фела, соучествуваат образованието и воспитувањето да лизгаат удолу до своето морално дно онака идентично како што се случува и во некои други области како во судството, на пример, каде што, исто така, молкот на чесните за нечесните го сроза до непримерни граници на недоверба па, оттука, излегува дека не гласноста на неморалните, туку дека молкот на моралните ги урнисаа темелните вредности и дека, всушност, врвна морална вредност во општеството е – неморалноиот молк на моралните.

https://civilmedia.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани