За само седум месеци, 15 сторители кривично се гонат за измами со брзи кредити

Септември 12, 2023

Од почетокот на годинава заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на злоупотреби на лични податоци и измами со таканаречени брзи кредити, за кои поднесени се девет кривични пријави, а кривично се пријавени 15 сторители, информирал денеска на координативен состанок министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Тоа е сериозно зголемување случаите во однос на претходната година, кога биле евидентирани 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени биле 16 кривични пријави за 24 сторители. Поради ваквата зачестена појава денеска беше одржан координативен состанок кој вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска го реализираше со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“.

https://24info.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани