СДСМ Битола соопшти - Елена Спасеновска разрешена од член на Извршниот одбор

Мај 02, 2024
Врз основа на член 88 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Битола на синоќешната седница донесе одлука за разрешување од член на Извршниот одбор на Елена Спасеновска.
Извршниот одбор на ОО СДСМ Битола одлучи Елена Спасеновска да биде разршена од функцијата член на Извршниот одбор заради повреда на одредби од член 11 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и на начелата и целите на СДСМ содржани во член 2 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Почитување на правата и на достоинството на човекот, како и изградба на правна држава во која секој поединец одговара за своето однесување и своето работење, се вредности за кои СДСМ за залага и кои ќе ги штити и промовира без разлика од кого или од каде доаѓа заканата!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани