Дете на 12 години е крадецот што провалило во штипскиот автобус во Битола и им украде лични работи на ученици кои беа на екскурзија

Ноември 01, 2025

Фатен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

 
На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски" во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По преземени мерки тој е пронајден и  лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците. 
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани