„Паркинзи“ со соопштение- За празникот, паркирањето во Битола ќе биде бесплатно

Август 27, 2020

 

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен превоз за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола ги известува граѓаните на Општина Битола, дека по  повод претстојниот верски празник Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — на ден 28.08.2020 година (петок) паркиралиштата со кои стопанисува ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 29.08.2020 година (сабота) со вообичаено работно време.

Воедно на сите граѓани од православна вероисповед им го честитаме овој голем христијански празник.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани