×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Фризерското „Студио Кики“ подарува бесплатен курс за лице со попреченост

Јануари 10, 2021

Едно до најпрепознатливите фризерски студија во регионот „Студио Кики“ под водство на врвната фризерка Кристина Кики Серафимова подарува бесплатен курс за фризер за лице со попреченост. Со оваа хумана мисија која Кики ја покрена за време на јануарските празници кои имаат за цел да ја покажат и солидарноста и хуманоста меѓу луѓето, оваа битолчанка во својот занет сака да ги отвори вратите и за лицата со одреден вид на попреченост кои за жал, во нашата земја се ограничени во професиите.

“Доколку сте лице со попреченост не значи дека не можете да бидете фризер! Доколку познавате некој кој сака да го изучува фризерскиот занает, предложете му да нѐ посети. Верувам во својата мисија и дека заедно ќе успееме во потфатот! Нашите ученици и нивните блиски ќе ги направиме посреќни, чувствувајќи се дека и тие придонесуваат светот да биде поубав и дека нивниот ангажман и работа се подеднакво важни како и на другите“, вели Серафимова.

Заинтересираните да се јават во фризерско „Студио Кики“ на адреса Рузвелтова број 10 или на телефонски број 071 235-649

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани