АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извршниот Одбор на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница расправаше за одредени прашања поврзани со животот и работата на пензионерите од Битола, Новаци и Могила.
Беше донесена одлука за реконструкција на кровот од зградата каде што се наоѓаат деловните простории и Клубот на пензионери во Битола. Потребните средства за таа цел заеднички ќе бидат одделени со Здружението на инвалиди и пензионери. На седницата беше прифатена иницијативата на Сојузот на пензионери на Македонија претставници на битолското здружение да земат учество на ревијата за игри и песни, што по 19- ти пат, овој пат ќе се одржат во Прилеп на 1- ви јуни.
На седницата на ИО претседателката Петличкова која неодамна беше избрана на оваа функција по изненадната смрт на доскорешниот претседател Томе Димитровски од Ковид 19, информираше дека наскоро со општина Битола ќе биде реализиран проект за одржување на теоретски и практични предавања за пензионерите за нивна поуспешна здравствена состојба.