ЈАВЕН ПОВИК на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Декември 15, 2021

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион го распишува следниот

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од здруженијата.

Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион се:



- правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на Пелагонискиот планскиот регион,
- правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој, и
- правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Пелагонискиот регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.

Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 28.12.2021 година.

Заинтересираните правни лица/апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:
- Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице/апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал (се изготвува во слободен формат од страна на подносителот);
- Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
- Статут на организацијата, во фотокопија;
- Потврди/препораки со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој, во фотокопија.

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават во хартиена форма (лично или по пошта) до Архивата на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, на адреса ул.„Томаки Димитровски“, бр.7, 7000 Битола, со назнака: „Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од здруженијата“.

Пријавите испратени по електронска пошта нема да бидат земени во предвид.

Нецелосната документација и онаа доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Лице за контакт за јавниот повик: Јосиф Балтов, тел: 047 232 800.

Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот.

Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на состанок организиран од Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик.

Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик.

Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (www.pelagonijaregion.mk) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани