×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

"Да си ја сакаш државата, значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните. Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија" рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање за 2 Август на споменикот на слободата "Сила, слава и победа" на тврдина Кале во Скопје.

Тој додаде дека потребна е одлучност, а не страв бидејќи одлучноста не е отсуство на внимателност туку е отпорност кон предизвиците.

"Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев" рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот.

"Секако, ниту еден успех не е постигнат еднаш засекогаш. Поуката од минатото е дека иднината зависи едниствено од изборот што го правиме денес. Затоа, тој избор - нека не се предрасуди" рече Ковачевски.

Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во  1903, и во 1944, од перспективата на оваа 2023 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да  ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија кој не повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници кои ќе ги уживаат благодетите на земја членка на Европската Унија.

Од АД ЕСМ подружница РЕК Битола  И Синдикатот при РЕК на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат големиот национален и верски празник Илинден, кој  претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес да живееме во слободна и независна држава, празник во кој се чествуваат храбрите илинденци и  пожртвуваните партизани од Народнослободителната војска кои ги положиле животите за создавање на сопствена и слободна држава. На сите граѓани им посакуваат овој голем ден да го поминат во здравје, среќа, радост и  љубов. 

Општинските јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“ и „Нискоградба“  упатуваaт честитка до граѓаните на Република Северна Македонија по повод  одбелжувањето на двата историски Илиндена, 118 години од Крушевската Република  и 77 години од Првото заседание на  АСНОМ, со кои им се оддава  почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава. 

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани