Фабриката за опрема и делови од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 118 години од Илинденското востание и 77  години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.   

 

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски,  изјави дека  АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата-ќерка ФОД-Фабрика за опрема и делови-Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК Битола. 

 

 

Државните електрани заедно со РЕК Битола, ФОД и синдикалните организации од овие компании, со екипа од 50  опремени и обучени лица, на повик на Општина Битола денеска започнаа со дезинфекција во сите влезови на станбените единици во Нова Битола.

ФОД ДООЕЛ Новаци, во согласност со мерките на Владата на РСМ, препораките на Министерството за здравство и одлуките на АД ЕСМ започна со дезинфекција на управната зграда, заедничките простории и централната работилница.


„Во текот на утрешниот ден продолжуваме со дезинфекција на останатите работни простории на друштвото“, соопшти директорот на ФОД, Методија Тасевски.


Тој уште на самиот почеток на епидемијата формира работна група, која во соработка со Синдикалната Организација ја прати состојбата, ги информира вработените и доставува потребни хигиенски и лични заштитни средства. Сите вработени кои имаат хронични заболувања и деца помали од 10години се ослободени од работните обврски, според препораките на Владата.фод 3

фод2

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани