2win800x200

ФОД изработи лифт за неподвижно лице од Битола

Јули 04, 2019

Фабриката за  опрема и делови ФОД -Битола изработи лифт за неподвижно младо лице од Битола, кое живее во станбена зграда. Директорот на ФОД-Битола  Методија Тасевски вели дека на барање на родителот на момчето, работниците изработеле своевиден лифт за негово полесно движење со инвалидската количка. Момчето  пред повеќе од десеттина година се повредило при скок во водите на Преспанското езеро.

-Лифтот  е изработен од стар вилушкар , односно искористивме делови од машината и плус додадовме хидраулика и електроника. Така што лифотот го поставивме веднаш до ѕидот од станбената зграда. Лицето живее на први кат и тоа не беше проблем, така што сега работите за негово движење им се олеснија на родителите, бидејќи самиот може да управува со направата, вели Тасевски.

фод 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани