×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветена на тематата „Солидарност за глобална сигурност“ соопште дека Европската Унија си постави за цел до 2030 година да се прошири со нови членки.

Обраќајќи се на форумот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Мишел истакна дека е време да се надминат сите меѓусоседски прашања и сите земји од регионот и ЕУ да се посветат на остварување на оваа цел – во 2030 мора да има ново проширување.

„Идните земји-членки се во различни фази на нивниот пат кон ЕУ. Но, треба да се погрижиме минатите конфликти да не се внесуваат во ЕУ и да се користат за блокирање на пристапот на нивните соседи и идните земји-членки“, потенцираше Мишел.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани