АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска ( 03.03.2022) полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола го лишиле од слобода З. К.(36) од Битола и поднесена му е кривична пријава по чл. 215 ст 1 од КЗ. Имено, при претрес во објект во непосредна близина на куќата на пријавениот во Битола пронајдени се 107,46 грама хероин и 33.37 грама марихуана и три дигитални ваги со траги од хероин, кои му припаѓале на З.К.. На пријавениот од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во траење од 30 дена.