Водовод започнува со редовното читање на водомерите
Април 05, 2022
ЈКП Водовод Битола ги известува корисниците на вода за пиење дека започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода за пиење во пролетниот период. За таа цел, се молат корисниците да ги исчистат своите водомери од зимскиот период, за полесно да бидат достапни на инкасантската служба на ЈКП Водовод Битола, за да може слободно да се евидентира состојбата за потрошената вода за пиење