2win800x200

Дуќаните на „Рузвелтова“ останаа без муштерии заради посетата на бугарскиот премиер Петков-Кој ќе им ја надомести загубата?

Април 16, 2022

Дуќанџиите на улицата „Рузвелтова“ се жалат дека денеска дуќаните им останаа без работа, без промет,  поради посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Кога утрово отишле да ги отворат дуќаните полициски службеници им кажале дека тие може да бидат во дуќаните, но дека улицата ќе биде затворена за движење и дека не ќе можат да примаат муштерии.

-Во сабота кога е најпрометен ден останавме без купувачи, зашто улицата  е буквално блокирана и пешак не може да помине. Ни кажаа дека ова се презема поради посетата на гостите од Бугарија, но нас буквално никој не не предупреди, ни вчера, ни завчера дека дуќаните не ќе можеме да ги работиме. Ова е под секое достоинство, кој ќе ни ја надомести загубата?, реагираат дуќанџии од улицата „Рузвелтова“. 

Улицата е денеска затворена и е под силно полициско обезбедување, исто така затворени се и неколку околни улици каде ќе се движи делагацијата од Бугарија. 

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани