2win800x200

Јулијана Ивановска си поднесе оставка од директор на Старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола

Април 18, 2022

Јулијана Ивановска не е веќе директор на старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола, иако на две години пред истекот на мандатот,  таа си поднесе оставка од фукцијата, а локалната власт на нејзино место, како вршител на должност ја постави Тања Галовска, дипломиран економист, вработена како раководител на финансова служба, одговорна за јавни набавки во Домот. Ивановска на оваа финкција беше назначена по доаѓањето на Наташа Петровска за градоначалник, како кадар на НСДП и исто така доаѓаше од редот на вработените во „Сју Рајдер“. 

Ивановска за време на ковид кризата, тимски и координирано, успешно ја споведоа имунизацијата во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола и со презмените, протоколи,  мерки и активности, со добро менаџирање успееја да го зачуваат здравјето на 125 штитеници и на вработените во Домот. 

Ивановска останува во „Сју Рајдер“ како главна медицинска сестра.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани