2win800x200

Со пролетната офанзива се реконструираат 9 улици во Битола од предвидените 23 за годинава

Април 29, 2022

Со новата градежна сезона започна реконструкцијата на 9 улици во Битола, од предвидените 23 за годинава, потврди денеска градоначалникот на Битола Тони Коњановски. 

На крајот на 2021 година, завршивме 7 отпочнати улици во должина од 3,5 километри кои и ги исплативме, зошто реализацијата на проектите не подразбира само желба нешто да биде направено, туку и нивно завршување и исплата кон изведувачите. Со новата градежна сезона, градежните работи започнаа на 9 улици од предвидените 23 за оваа година, а постепено дел од активностите влегуваат и во завршна фаза. Завршена е улицата „Солунска“, а во тек се активностите на улиците „Македонска фаланга“, „Крушевска република“, „Цане Василев“, „Довлеџик“, „Струшка“ и „Сутјеска“, додека во руралните средини работиме на реконструкција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди.

За да овозможиме успешна реализација на овој проект кој значи подобра инфраструктура во нашата општина како и за другите проекти од програмите на одделението за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, со денешните измени и дополнувања на Буџетот, дел од проектите од едногодишната програма се префрлуваат во развојната програма, што ќе овозможи реализација на средствата согласно потребната динамика за изведба, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани