2win800x200

Голема гранитна плоча згмечи двајца битолчани, едниот почина, другиот се бори за живот

Април 30, 2022
фото интернет фото интернет

БИТОЛА – Голема гранитна плоча згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали, при што за повозрасниот повредите биле фатални и починал на лице место, додека другиот е во животна опасност.

Несреќата се случила денеска попладнето, додека работниците растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици. Според неофицијални информации, во еден момент најверојатно недоволно обезбедена големата гранитна плочата паднала врз двајцата работници. Од СВР Битола за „Независен“ https://nezavisen.mk/golema-granitna-plocha-zgmechi-dvajca-bitolchani-edniot-pochina-drugiot-se-bori-za-zhivot/ ја  потврдуваат несреќата.

„Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, изјави портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани