2win800x200

Милевски-За прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција 22 проекта во вредност од 7,6 милиони евра

Мај 04, 2022

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Офицерскиот дом во Битола ќе ги потпише договорите за кофинансирање со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.

Во рамки на вториот повик од Програмата одобрени се 22 проекти во вкупна вредност од 7,6 милиони евра. Проектите се однесуваат на три приоритетни области, развој на локалната економија, превенција и заштита од природни катастрофи, како и заштита на природното и на културното наследство.

Министерството за локална самоуправа информира дека како координатор на ИПА Програмата за прекугранична соработка обезбедува 15 отсто што ги побарува Европската Унија, како услов за да се користат средствата во земјава од ИПА инструментот на Европската Унија.

Програмата за прекугранична соработка со Грција, како што се наведува, е вредна да се истакне и заради целосната дигитализација на постапката што ја води Министерството за локална самоуправа со корисниците на средствата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани