АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По врвиците на некогашните комитски чети од Смилево, Полициско-спортскиот планинарски клуб „7 Мај“ го одржа 11 традиционален планинарски марш „Смилево 2022“. На него учествуваа 70 планинари кои испешачија 18 километри движејќи се по патеката на првите македонски стражи формирани за време на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Токму од тој историски настан корени влечи и Денот на македонската полиција кога традиционално ПСПК „7 мај“ го одржува планинарскиот марш. Овој пат ја минаа релацијата од превојот Ѓавато до врвот Пирамида, па чешмата Гопеш се до село Смилево. За разлика од некои претходни маршеви минати во дожд, денес временските услови беа идеални, со сонце и малку ветер.
Ж.З.