АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Живи „статуи“ ги пречекуваат битолчани и гостите на Фестивалот на монорама деновиве низ центарот на Битола. Годинава новина е дневната офф-програма која од 12 до 15 часот се случува на делови од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест, а централна точка на оваа придружна програма e Јагода на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.
Широк Сокак со живи статуи:
14.05 Виктор Апостоловски
15.05 Dejan Dex
16.05 Bobba Funk
17.05 Ace Mice
18.05 Berryqyat
19.05 Chiko
20.05 Acika
21.05 Joss
На 14 мај, во Центарот за култура во Битола, под мотото „Помеѓу“ започа 23-то издание на Интернационалниот фестивал на Монодарамата на кој дојдоа професионални актери од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами.
Битола до 21 мај ќе биде вистински фестивалски град, каде ќе гостуваат монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.