На иницијатива на локалниот младински совет со поддршка на Општина Битола, како и во соработка со основните и средните училишта, Универзитетското студентско собрание при УКЛО, во "Кино Манаки" при ЈОУ Културен и Информативен центар Битола, денес беше промовиран видео запис во чест на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од општинскиот совет, како и многу деца, млади, професори и наставници од училиштата кои учествуваа во овој видео проект.
Силната порака за големината и значењето на големото дело на „Св.Кирил и Методиј“, испратена низ креативноста на младите, можете да ја проследите во видеото, кое е достапно на овој линк
https://www.youtube.com/watch?v=GvIT2ogE6qo