2win800x200

Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола претставени во Хрватска и Словенија

Мај 25, 2022

Заврши гостувањето во Словенија и Хрватска на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, пропратени со онлајн обуки и вебинари.

Експертите од Битола учеа од најдобрите и воедно го споделија своето искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.

Цел на овие гостувања беше промоција на нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите.

Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија беше заокружено со работилници во Марибор и Загреб, во насока на одбележувањена 18ти мај, Меѓународниот ден на музеите.

М-р Јове Парговски е автор на концептот и тактилни слики а д-р Ирена Ружин – раководител на проект поддржан од Министерство за култура.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани