2win800x200

Случај упад во службените компјутери-Општина Битола смета дека нема никаков случај на злоупотреба

Мај 25, 2022
ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СОВЕТНИКОТ МЕТОДИЈА ИЛИЕВСКИ
Почитувани,
Во врска со информацијата која беше изнесена на денешната прес конференција на советникот од СДСМ, Методија Илиевски, ја информираме јавноста дека,
Општина Битола е запозната со настанатиот проблем, кога првпат се појави слика на профил од други советници, кај претседателката на Совет, при што истата веднаш реагираше и проблемот беше надминат.
За ваквата ситуација на која укажаа претседателката и дел од советниците, известена е компанијата од која се набавени компјутерите по пат на јавна набавка.
Неофицијално од компанијата која ги достави преносните компјутери, а истите директно, неотпакувани, беа дадени на реверс на користење на советниците, известуваат дека забуната најверојатно настанала бидејќи при инсталација на системите, компанијата користела едно корисничко име, очекувајќи дека секој нов корисник ќе креира свое ново корисничко име при што настанало преклопување на податоците за најава.
Официјалниот писмен одговор од компанијата, до општина Битола, се очекува да биде доставен до крајот на оваа недела.
Компјутерите на советниците функционираат засебно и не се дел од мрежната инфраструктура на Општина Битола.
Општина Битола, согласно досегашното искуство смета дека нема никаков случај на злоупотреба.
Имајќи го предвид наведеното, градоначалникот, заменик градоначалникот и претседателот на Совет, ќе соработуваат со надлежните институции и од нивна страна ќе бидат преземени сите потребни чекори за целосно разјаснување на ситуацијата.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани