2win800x200

Само јазикот на уметноста е разбирлив за сите-настан за паметење во ООУ„Гоце Делчев“ Битола

Мај 28, 2022

Во дворот на ООУ„Гоце Делчев“-Битола, вчера се реализираше финалната МИО вон наставна активност на наставниците Марија Арсиќ(координатор на проектот и претседател на стручен актив),Нафко Ризмановски, Кристина Стојанова, Стефан Поповски и учениците од активот по музичко и ликовно образование од проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“, спроведен од МЦГО(Македонски Центар за Граѓанско Образование).Овој проект се работи веќе неколку месеци и опфати низа музичко-ликовни вон наставни МИО активности каде учениците од двата наставни јазика (македонски и албански) со заедничка творечка работа, дружење и заемна соработка ги истакнаа својот талент и љубовта кон уметноста.

-Преку уметноста музичка, ликовна  најмногу можат да се здружат и заедно да творат децата од било какви јазични, етнички, национални групи, зашто јазикот на уметноста е разбирлив за секој на оваа планета, а нашето училиште е репер за ваквото единство во нашиот град, вели Марија Арсиќ, координатор на проектот и претседател на стручен актив.

вНема достапен опис

Нема достапен описНема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Во првата активност “Ајде да летаме“ и музикограм, реализирана на 12.10.2021 децата изработуваа заедничко летало (Наставникот го претставува леталото) со неговите делови како приказ на идентитетот на секој ученик, а потоа следеше музикограмот кој претставуваше еден музички цртеж од секој ученик за ритмичкото, мелодиското и доживувањето на формата на одредена композиција која ја слушаа.

Нема достапен описВтората активност т.н..„Светско кафуле“, реализирана на 27.12.2021г. беше исто така мошне интересна и за учениците и за нивните родители кои беа вклучени во сите активности како и останата публика каде што можеше да се „нарача“ песна (која требаше да ја отпеат учениците) од менито заедно со чај или кафе.

Нема достапен опис

Во исто време, во тек беше ликовна работилница во која ќе се изработуваа творби со кои се уредуваше „Светското кафуле“ преку делата на познатите уметници за различните уметнички стилови, при што учениците забележуваа и проценуваа ликовни вредности и содржини и го искажуваа своето мислење преку цртежи.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

„Музичко дрво“ беше третата активност, реализирана на 04.03.2022г. Учениците во групи на големо платно изработија цртеж „музичко дрво“ од различни материјали, а подоцна ги прикачуваа своите песни во вид на лисја од дрво на различни јазици.

Нема достапен описСекој ученик „откинуваше“ лист на кој е запишана по една песна која треба да ја изведе оној ученик кој ќе си ја препознае по насловот. Останатите ученици танцуваа на музиката, пееја на рефрените заедно со интерпретаторот. Во финалната активност учествуваа околу 70 ученици од двата наставни јазика и нивните родители, се изведуваа инструментални и вокални композиции и песни од различни жанрови и јазици, а истовремено се реализираше ликовна работилница каде учениците твореа на заеднички цртежи,мурал на ѕид и други рачни ликовни творби и учествуваа на дебата на тема:„Би било добро да учиме во заеднички смени/кабинетска настава, и што би биле придобивките од тоа“.

Нема достапен опис

Финалната активност беше со мото-наслов :The Earth Without Art is Just-Eh.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани