2win800x200

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум

Јуни 03, 2022

Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори. Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија. Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија, вели Мицкоски.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани