2win800x200

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И ПОДДРШКА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ДОМОВИ“

Јуни 08, 2022

Врз основа на Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година, општината објави јавен повик со цел остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со Проектот „Енергетски ефикасни домови“.

Предмет на Јавниот повик е субвенционирањето и поддршката на Заедниците на сопственици или овластени Управители на станбени згради за колективно домување во Општина Битола за инвестиции со мерки за енергетска ефикасност во заедничките делови на зградите за колективно домување во делот на Енергетски ефикасна фасада.

Вкупниот буџет кој е планиран за овој Јавен повик е во висина од 3.000.000,00 денари.

Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од Буџетот на Општина Битола, согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година во висина од 30%, но не повеќе од 750.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација.

Повеќе информации за начинот на аплицирање и потребната документација, ќе прочитате на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-efikasni-domovi/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани