АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Две противпожарни возила за теренско гансење на пожари, посебно во шумски услови, џип и приколка со комплетна и дополнителна опрема донираше Франција за Територијалната противпожарна единица во Битола. Беше спроведена и тридневна обука на битолските пожарникари од страна на француски колеги. Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека ова е продолжена соработката која постои 14 години.
„Ги помагаме храбрите пожарникари во совладувањето на пожарите, знаејќи дека тоа е многу значајно за градот. Ова не е еднократна помош туку станува збор за една долга историја на соработка која трае повеќе години меѓу Битола, Француската амбасада и главниот донатар Француската асоцијација „Working together“. Тоа трае од 2009 година станува збор за мисии, донации, обуки“, рече амбасадорот Бомгартнер.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, рече дека во следниот период ќе работат и на изградба на нова противпожарна станица во Битола.
„Ќе направиме се` во периодот кој следи да го подобриме кавлитетот на противпожарната единица, заштитата, обуката. И секако да го одработиме она што го ветивме- нова противпожарна станица во Битола. Во тек е изработка на проектната документација, по што ќе следи и конкурс за идејно решение. Оваа година сигурнио нема да биде , останува за следната. Имаме локација и маркица во касарната“, рече Коњановски.