2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

РЕК Битола има стабилно производство и ќе остане столбот на електроенергетскиот систем, рече директорот Матевски од трибината на СДСМ посветена на енергетиката

Јуни 15, 2022

Заедно ќе успееме да ја пребродиме најголемата економска и енергетска криза бидејќи СДСМ е државотворна и одговорна партија, порача претседателот на битолскиот огранок на СДСМ во Битола, Драган Крајовски на денешната трибина посветена на енергетиката.

“Пакетот од 26 мерки вредни 400 милиони евра даде резултат и опфати повеќе сегменти. Еден е намалување на даночните и акцизните приходи за државата, вториот дел директни финансиски трансфери до најзагрозените граѓани во државата, третиот - преку обезбедување финансиски средства за одржување на ликвидноста на компаниите и четвртиот субвенционирање на цената на струјата за сите граѓани. Владата реагираше веднаш на почетокот на енергетската криза, кога го намали ДДВ на електрична енергија и изврши субвенционирање на 80% на сметките на граѓаните”, потсети Крајовски.

viber image 2022 06 15 21 36 31 522

Кризната состојба во снабдувањето со струја што ја прогласи владата формално заврши, но тоа апсолутно не значи опуштање за капацитетите кои треба добро да се подготват уште од сега за претстојната грејна сезона, рече претседателот на комисијата за енергетика при СДСМ Битола и директор на РЕК Битола, Пеце Матевски.

viber image 2022 06 15 21 36 31 563

“АД ЕСМ и РЕК Битола во оваа енерегетска криза во која се наоѓаме одговорија на единствениот начин кој се бараше од нив – со стабилно производство на струја. Во РЕК Битола производството не само што е стабилно, туку е и зголемено за 23 % во споредба со истиот период лани, иако комбинатот работи со два наместо со три блока.Овие резултатите се уште позначајни ако се има  предвид дека РЕК Битола годинава слави 40 години од отворањето. Постројките се амортизирани, а човечките ресурси со кои располагаме секојдневно се ситнат. За две три години од комбинатот се пензионирани околу 800 наши работници, што претставува дополнителен предизвик за непречена работа. Затоа вечерва упатуваме и порака дека РЕК Битола е стабилен, ќе биде стабилен и ќе остане столбот на македонскиот електроенергетски систем. Како што е подновен со машини, како што се подновува постојано со ремонти и нега на сите постројки, така се надевам наскоро ќе биде обновен и со нови вработувања”, порача Матевски.

viber image 2022 06 15 21 36 31 686

            На трибината се обратија и Љубчо Кижевски, член на комисијата за енергетика на СДСМ и Љупчо Стојановски, претседател на комисијата за заштита на животната средина на СДСМ Битола, кои се осврнаа состојбите во Државните електрани и проектите за заштита на животната средина како дел од т.н. трансформација кон чиста енергија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани