АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По пауза од три години кошаркарскиот клуб „Младост“-Битола со три екипи повторно ќе отпатува на меѓународни натпревари во Хрватска и Италија. Ќе се одиграат неколку натпревари во Задар, Хрватска и во Подензано, Италија со категориите: девојки родени 2008/09 и помлади, момчиња родени 2005/06 и момчиња родени 2007/08 и помлади.
„Последниве два месеци интензивно се подготвувавме за овие натпревари, знаејќи дека ќе гостуваме во држави каде кошарката е на многу повисоко ниво од нашето. Со противниците добро се познаваме бидејќи во минатото гостуваа на нашиот Велигденски турнир. Одиме да одиграме максимално квалитетно и да постигнеме добри резултати, но пред сè, дружењето и размената на искуство ни е во прв план“, ни изјави Горјан Стојановски, претседател и тренер на КК „Младост“-Битола.
Клубот поаѓа во сабота, а покрај градовите каде ќе се одиграат натпреварите, ќе престојува во Будва, Сплит, Венеција, Пјаченца и Верона.