2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанката Ана Котевска која го искачи врвот Чимборазо, се сретна со градоначалникот Коњановски

Јуни 30, 2022

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес се сретна  со битолчанката Ана Котевска, која го искачи врвот Чимборазо, најодалечената точка од центарот на земјата, која се наоѓа на 6263 метри надморска височина.

Котевска  зборуваше за подготовките кои му претходеа на големиот успех, за нејзината голема љубов кон планината, а го долови и прекрасното чувство и поглед кон убавините на Андите. Инаку  Ана има искачено четири врвови на Еквадорските Анди, а со најновиот подвиг, за првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри.

Градоначалникот Коњановски и честита на големите успеси, заблагодарувајќи и се што на овој начин покрај што претставува вистински пример за развој и поттикнување на спортскиот дух кај младите, истовремено е и вистински промотор на градот во меѓународни рамки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани