2win800x200

Кај Стара Болница, малолетник од Битола фатен со марихуана

Јули 12, 2022

На  11.07.2022  на место викано Стара Болница во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од  Битола затоа што кај него била пронајдена  марихуана. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

Во друг случај 

На 11.07.2022 на место викано „Сива Вода“ кај археолошкиот локалитет Хераклеа, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.М.(34) од Скопје, М.М.(30) и С.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани