АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спортското игралиште за ракомет и кошарка во ОУ „Коле Канински“ - Битола добива нов лик. Започна поставувањето на гумирана подлога на игралиштето. Освен тоа, игралиштето ќе биде заградено со огради. Како што вели директорот на училиштето, Зоран Мирчевски, со новата гумирана подлога учениците ќе бидат позаштитени. Овој проект е донација од државната видеолотарија на Македонија.
- Со ставањето на нова гумирана подлога, се подобрува квалитетот за игра и рекреација и ќе се овозможи поголема безбедност за заштита од несакани повреди. Освен тоа, просторот ќе биде ограден со жичена ограда - изјави директорот Мирчевски.
По поставувањето на гумираната подлога, следува и менување на сегашната дограма на спортската сала со нова, пвц дограма.
Привршуваат и градежните активности околу првата реконструкција на фасадата на училиштето уште од неговата изградба во 1963 година. Како што вели директорот, фасадата треба да биде завршена со почетокот на новата учебна година.