АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски, денес извршија увид на текот на работните активности на улицата „Стара чема“, во населбата Горно Оризари. На оваа улица во тек е реконструкција на мешовита канализација, а работите на два краци од улицата ги реализира КЈП Нискоградба. По завршувањето на реконструкцијата на мешовитата канализација, ќе следува асфалтирање, со што овој дел на улица „Стара чешма“, за првпат ќе добие асфалт. На средбата со градоначалникот, жителите од оваа населба, нагласија дека со овие активности, значително ќе се променат и подобрат инфраструктурните услови на оваа улица.