2win800x200

Акциска контрола во угостителски објекти во Битола, точен алкохол на малолетници

Јули 24, 2022

На 23/24.07.2022  во периодот од 22.30-00.30 часот,  полициски службеници од Полициската станица Битола и Одделението за криминалистички работи на подрачје на Битола во  координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Битола.  

Притоа, констатирано е дека во двата објекти малолетници биле послужувани со алкохол за што ќе биде поднесена пријава по член 204 од Кривичниот законик.

Во едниот објект констатирана е зголемена бучава и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка по член 8 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.

Исто така, во објектите биле констатирани и неправилности од Државниот пазарен инспекторат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани