АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фото Диоген Хаџи Коста Милевски
За прв пат на фестивалот „Илинденски денови“ по Широк Сокак утрово мина битолската коњаница „Галоп“ која до 2. Август ќе се движи по патот на илинденците, до Мечкин Камен, Крушево. Коњаницата тргна симболично од обновениот Офицерски дом. Патувањето ќе се реализира во наредните пет дена до големиот празник Илинден каде коњаницата ќе учествува на празничната манифестација во Крушево. Во коњаницата учествуваат 12 момчиња и две девојки кои со своите коњи ќе одјаваат пат долг 174 километри.