Поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска во Фејсбук коментар дава свое видување на моменталниот статус на планинарскиот дом Копанки и политичките рефлексии во градот.
Без оптоварување за политичките реакции, морам да го искажам својот став за планинарскиот дом Копанки. Вистината е дека, Копанки бил легализиран после опожарувањето. Тоа значи дека бил легализиран непостоечки објект. Де факто, немало што да се легализира. Сторено е кривично дело и за тоа се води кривичен спор. Дополнително, земјиштето под поранешниот дом е државно кое евентуално можело да стане приватно по постоење на валидна легализација. Оттаму, ПСК нема ни дом ни земјиште. Сето ова е причина повеќе, кога веќе некој решил да делува пред завршување на судење по кривична постапка, Општина Битола целосно да го изгради домот и тој да е целосно општински а потоа ПСК Пелистер нека докажува дека тоа што не е негово е негово. Верувам дека е можна разрешница со судскиот спор и произнесување на судските инстанци, заради јавниот интерес после што би се делувало. Но како се одвиваат работите, има нечии одлуки на некои кои се решени по секоја цена и со трошење на буџетски сретства и задоловување со 30% на нешто што на граѓаните им припаѓа 100%, само за дневни потреби - да собира политички поени.
Конечно, ако станува збор за приватна сопственост, кој тоа се дрзнува да гради со државни пари приватна своина?! Ќе има ли влог од 70% од другата страна? Каде е гарантирано тоа? Не може да се криете позади јавниот интерес. Јавен интерес е и енергетска ефикасност на приватни домови. И тоа од повеќе аспекти, социјална, енергетска, економична,... Градете приватни куќи!
Работите се јасни.
Но едно да не забораваат. Советот е орган чии одлуки исто така се потврдуваат дали се законити или не, се знаат и механизмите како тоа се утврдува.
Патем, навистина не ме интересира ничија реакција, човек секогаш треба да гледа комоција во својата кожа, без да се оптоварува на политичките гмизавци кои кешираат сеуште интересни текстови. Интересни, само заради потврдата на нечие политичко лесноумие чија егзистенција на политичка сцена може да се воочи само со регулирано доделени улоги, во стилот, подобро да се нема конкуренција одколку да се победува конкуренција.
И уште нешто, навистина сум горда што и една друга полемика од минатото потврди дека сум била во право па сум придонела и во овогодинешниот буџет со приход од над 100 000 евра за кои некои исто така милуваа да пишуваат ама со свој тоналитет, јасно платенички.