2win800x200

Дрво паднато на патот го прекина сообраќајот меѓу Битола и Меџитлија

Јули 28, 2022

АМСМ информира дека од 19:30 часот, сообраќајот на Граниочниот премин „Меџитлија“ е во прекин во двете насоки поради паднато дрво.Во вонредниот извештај на АМСМ нема дополнителни информации.

Според сведоштва на наши читатели, прекинот на сообраќајот на патот предизвикал голема гужва од возачи кои се движеле од и кон граничниот премин.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути, а на ГП Богородица за влез и за излез се чека околу 30 минути. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во извештајот на АМСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани