2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Цената на бензинот се намалува за 3,5 денари на дизелот за 3 денари

Август 08, 2022

Регулаторната комисија за енергетика  на  Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани