2win800x200

Малолетници во тешко пијанство затекна полицијата во угостителски објекти при синоќешните контроли

Август 13, 2022
 
На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили.
 
Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.
 
Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности во врска со почитување на работното време на угостителските објекти, точење алкохол на малолетни  лица, пронаоѓање на лица кои се бараат со потерница, пронаоѓање на предмети кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела и др.
 
При контрола во угостителски објекти беа затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик.
 
Исто така, кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен, а против лицето ќе следува  поднесок по Закон за оружје.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани