2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Костадиновска-Стојчевска: Културната оставина на браќата Манаки е историско сведоштво што мора достојно да го вреднуваме

Август 22, 2022

– Една фотографија – илјада зборови, но, има фотографии што ви ги одземаат сите зборови, сите противречни аргументи. Токму такви се и овие фотографии и подвижни слики на браќата Манаки – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вчерашното отворање на изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки 1882 – 2022“ организирана од битолското одделение на Државниот архив во НУ Завод музеј Битола.

 received 822694885765979

– Од првото „Ателје за уметничка фотографија“ во Битола, купувањето на тристотиот примерок на камерата „Бајоскоп“ (Bioscope) во Лондон, до нивното кино „Манаки“, всушност е создадена историја, не само со културна и уметничка вредност. Од „Браќа мечтатели“ до „Браќа на светлината“, љубопитниот Јанаки и темпераментниот Милтон, биле хроничари на турбулентната прва половина од 20 век – додаде таа.

 received 616880979801256

Таа потсети дека токму тие ги овековечиле случувањата во кралските дворови во Букурешт, во Белград и на османлискиот двор, но оставиле и траен запис од илинденците, како и од страдањата на македонскиот народ во крвавиот период по Илинденското востание. 

– received 606336527827155Објективот не го испуштиле од рака – од Илинден 1903 до фашистичкиот пораз 1944 и влегувањето на македонските партизани во Битола. Со еднаква професионалност и страст направиле илјадници фотографии и подвижни слики и од кралеви и од селани, и од окупатори и од револуционери, и од порази и од победи, и од сити и од прегладнети, и од палати и цркви и од трошни куќи, и од дијадеми и од носии, и од царски балови и од народни игри и ора – рече Костадиновска-Стојчевска.

 

301045004 501405725322250 3405609191186247154 n

Според неа, нивната културна оставина е историско сведоштво кое мора достојно да го вреднуваме и да продолжиме да го заштитуваме и од забот на времето и од заборавот.

300885721 501405745322248 2625963166436662281 n

– Ниту Балканот, ниту Европа, па дури ни светот, а најмалку ние, смееме тоа да го дозволиме. Зашто опусот на браќата Манаки, кои се основоположници на македонската кинематографија, над сѐ, има цивилизациска вредност. Оти, каков ли ќе бил текот на историјата, особено на кинематографијата, ако Јанаки не се воодушевил од мотото на англискиот производител од кој ја купил првата камера на Балканот – „Го ставаме светот пред вас“ – рече таа.

received 395308589377747

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските работници на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина), а во соработка со градот домаќин Битола и со Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки: Јанаки (1878 – 1954) и Милтон (1880 – 1964, кому годинава му одбележуваме и 140 години од раѓањето). Со тоа природно биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.

Во почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и Фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, Фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.

301144705 501405751988914 2027954745513038811 n 

Така, Битола стана Мека на најдобрите светски директори на фотографијата, откривајќи многу нови таленти што денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинестетика, закитени со наградите на нашиот фестивал, а паралелно овенчани и со славата на оскаровци кои низ годините шетаа по улиците на Битола, која ја сметаат за свое уметничко гнездо.

Покрај плејадата лауреати на наградите од официјалната конкуренција –Камера 300, Фестивалот „Браќа Манаки” е горд и на својот Клуб на великаните, во кој влегуваат најголемите светски мајстори на филмската камера/фотографија, кои станаа добитници на двете почесни врвни награди: „Златната камера 300 за животно дело“ и „Специјалната златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“.

Од 2013 година е воведена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Република Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани