Денеска ( 05.09.2022) полициски службеници од СВР Битола, ОВР Прилеп и ПС од ОН Прилеп на ул. "Скопска" во Прилеп ги лишија од слобода Ч. К.(32) и П. И. (36), двајцата од Прилеп, кај кои биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја.
Лицата се задржани во ОВР Прилеп, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.
Исто така денеска, полициски службеници од СВР Битола, ПС од ОН Битола го лишиле од слобода Н. Д.(25) од Битола, кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.