2win800x200

Во АД ЕСМ не се склучуваат договори во 4 очи

Септември 22, 2022

АД ЕСМ го информира Центарот за граѓански комуникации дека договорите во РЕК Битола за кои Центарот во последниот извештај изнесе дека се склучени во четири очи, всушност се склучени транспарентно и со избор на најповолна понуда од добиени понуди. Постапкат, според ЕСМ, е спроведена со повикани четири понудувачи за едниот договор и три понудувачи за другиот договор, и дополнително присутни членови на комисијата за јавната набавка при поднесување на понудите.

-Потребно е Центарот за граѓански комуникации да ја информира јавноста дека ,,Постапка без објавување оглас” е одредба од Законот за јавни набавки, а не прекршување на Законот. Таквата набавка се спроведува исклучиво со добиена дозвола од Бирото за јавни набавки, по приложено издржано образложение за потребата и итноста која ја наложува таквата набавка во кус временски период, согласно непредвидени околности и околности на теренот.

 

При реализацијата на јавната набавка “Проширување на изработка на усека за раздвојување на ПК ПЈС”, АД ЕСМ врз основа на подготвено образложение од страна на стручните служби во РЕК Битола, најпрвин доби дозвола од Бирото за јавни набавки за спроведувањето на постапката без распишување на оглас. И покрај тоа што во ваков случај, АД ЕСМ има можност да склучи договор со економски оператор кој ќе го повика, врз база на претходно позитивно искуство од извршување на исти или слични услуги, согласно заложбите за транспарентност и инклузивност во јавните набавки што ги практикува компанијата, на јавната набавка беа поканети четири понудувачи. Сите поканети економски оператори учествуваа во наддавањето, по што беше избрана понудата со најниска понудена цена.

Врз база на истите принципи на работа и почитувајќи ги сите законски норми, беше спроведена и јавната набавка за “Ангажирање на помошна механизација за РЕК Битола”, само што во тој случај за учество во постапката беа поканети три фирми, стои во реакцијата на ЕСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани