НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод месецот на книгата и училишните библиотеки, заедно со учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола
реализира неколку работилници за изработка на везени обележувачи за книги.
Везењето е техника на нанесување игла со конец на материјал. Оваа техника ни дава можност да бидеме креативни, да ја разбудиме наша фантазија и да твориме без граници. Везењето е техника која за жал изумира, се помалку младите генерации знаат да користат игла и конец за која и да било намена. Целта на овие работилници е да ги оживееме рачните изработки и да ги насочиме младите генерации кон креативноста и занаетите за рачни изработки кои би им дале насока за во иднина.
Учениците од текстилната насока од СОУ„Таки Даскало“-Битола со своите професорки Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска и библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковска од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ни покажаа колку може да се направи со везење. Тие изработија прекрасни везени обележувачи за книги со најразлични дезени. Сечење, везење, декорирање, шиење и пеглање се постапки кои учениците ги користеа за изработка на обележувачи на книги.